Добредојдовте во Република, првиот адвертајзинг остров во светот.

Беше тоа две илјади и четврто лето господово, кога Ние, храбрите луѓе на Република, го започнавме својот пат, во релативно мал кораб. Напуштајќи ја сигурноста на еден светски ланец, верувајќи беспоговорно во Принципите на Креативното Братство, после една вистинска животна бура го најдовме островот и Република беше родена!

И оттогаш започнавме и се уште градиме свет на горди и исполнети луѓе – рибари на идеи, вешти кујунџии на кампањи и фер трговци. Свет каде најголема вредност е слободата, а најголемо право – правото  да се поставуваат прашања. Вистинска демократија меѓу безброј монархии!