news

Република со две нови награди !strip26.04.2012

И оваа година, нашата агенција Република, се закити со 2 нови награди и тоа на престижниот фестивал за креативна индустрија FORFEST, кој традиционално се одржува во Будва на 19,20 и 21 Април. На фестивалот, имаше 8 земји учеснички од регионот,при што 43 спота од истите влегоа во финалето.

Република освои второ место во 2 категории, Публикации и медиуми со ТВС Годзила, како и во категоријата Дизајн со Принт огласот Јаболко, за кампања на ЕЛЕМ.
 
 

 

 

 

 
 

                        

                   

Република повторно освојува наградиstrip23.11.2011

 

 

Република бара копирајтерstrip11.04.2011
























 

Република ја освои првата награда во категоријата ТВ продукцијаstrip28.03.2011


На Фестивалот на туристички комуникации кој се одржа во Будва на 25 и 26 март, Република ја освои првата награда во категоријата ТВ продукција, за ТВ спотот Macedonia Timeless – храна.

 
На меѓународниот фестивал се натпреваруваа повеќе од 80 решенија од Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Црна Гора.
 
Членовите на меѓународното жири се врвни имиња од светот на адвертајзингот и туризмот во регионот: Иво Лауренчиќ од Македонија, Иван Станковиќ од Србија, Едвин Јурин од Хрватска, Јиржи Хајек од Чешка Република и Александра Ланг од Бугарија. 
 
 
 

Macedonia Timeless – Хранаstrip08.02.2011

За оваа кампања: Рекламниот спот Macedonia Timeless – Храна, се снимаше на повеќе локации низ Македонија, следејќи ја основната приказна во самиот спот дека Македонија е убава земја, која ти треба прилично многу време да ја поминеш, токму заради убавината и специфичноста на нејзината храна.  

 

Крајниот избор на локациите се сведе на 5 – 6 ресторани, кои го отсликуваа автентичниот македонски простор и атмосфера. За жал немаше простор заради зададеното време да се прикажат и многу други предели и ресторани кои секако дека се вклопуваат во оваа безвремена приказна . Локациите кои се искористени во спотот се Националните ресторани „ Воденица “ и „ Пештера “  на Матка во Скопје, потоа „ Острово “ во Охрид, „ Виа Игнатиа “ во Вевчани во комбинација со Мавровското езеро и Колешинскиот водопад.

Екипата беше голема, сходно на проектот околу 40 луѓе, која воглавно беше Македонска освен режисерот Paul Tickell и food дизајнерот, кои беа од Англија и дел од техничката екипа – grip мајсторот – Ненад Васиќ од Србија, како и пратителите на камера и видео контрола, кои исто така беа од Србија , и екипата за специјални slow motion снимања од Хрватска . Спотот се снимаше 9 дена од кои последните 3 дена беа снимање на slow motion и sfx кадри за анимација.

 

 


Република стои позади реализацијата на снимање на овој спот, во продукција на снимање на Quasarfilm, а дел од авторската екипа што работеше на овој спот , посебно македонскиот дел е: директор на фотографија – Душан Кардалевски, гафер – Костадин Дончев, production designer – Влатко Зафирковски, координатор за подготвување на храната – Јулијана Гешовска, асистент режисер беше Игор Алексов, кастинг директор – Катерина Афкова и многу други соработници, асистенти , на кои би им се заблагодариле за несебичната работа која траеше и по 14 саати, дневно.

Крајната музика е дело на Доријан Јовановиќ и Дарко Спасовски, инаку преработка на изворната тема – невестинско оро, која по ритам најмногу одговараше на монтажата на спотот, а трите работи како во Македонската атмосфера , храна и Македонскиот ритам, си одговараат едно со друго дополнувајќи ја взаемната убавина.

Режисер на спотот е како што напоменавме – Paul Tickell од Англија, кој е добитник на престижната награда BAFTA , награда за краткиот филм „ Shot Two “, инаку престижен режисер кој работи најмногу за BBC. Paul и претходно бил во Македонија, работејќи на документарен филм за византиското фрескосликарство, а моментално работи на документарен филм за познатиот светски бенд „Kraftverk“.

 

Спотот се подготвуваше повеќе од месец дена, најмногу заради обиколката низ цела Македонија, која мораше да се направи за да се најдат вистинските места, бидејќи визуелниот идентитет на местото ја прави автентичната локална храна уште подобра – пример, парче сирење изедено на бачило во планина, не е со ист вкус со истото парче сирење изедено дома . Потоа околу недела дена се правеше изборот на храна, соодветно на локацијата на која се снимаше и сл. потоа casting, технички scaut по избраните локации заради prelighting и сценографија по самото снимање. 

Најинтересен момент беше првиот дел од снимањето во Колешино, тој ден врнеше дожд во цела Македонија и во Струмица но со голема среќа, некако дождот не‘ заобиколи на самото место на снимање иако ние снимавме екстериер и цело време кроевме планови за одложување, доколку врне, а сите понатамошни локации беа веќе закажани . Исто така мора да напоменеме дека снимање на храна е исклучително тешко затоа што снимањето е долго, па мора да се снима свежо и нон-стоп да се освежува или одново припрема некое јадење, но сепак по одзивот на гледачите и по завршената работа и убаво дело, се забораваат сите маки и останува само доброто чувство на добро завршена работа.

Рекламниот спот можете да го погледнете овде.


news

Република со две нови награди !strip26.04.2012

Второ место за ТВС Годзила и Принт оглас Јаболко 
 

Република повторно освојува наградиstrip23.11.2011

Овој пат посебно признание за спотот Македонија вечна - Храна,  на 14от по ред Меѓународен фестивал на туристичкиот филм во Сплит

Република бара копирајтерstrip11.04.2011

Република ја освои првата награда во категоријата ТВ продукцијаstrip28.03.2011

На Фестивалот на туристички комуникации кој се одржа во Будва на 25 и 26 март, Република ја освои првата награда во категоријата ТВ продукција, за ТВ спотот Macedonia Timeless – храна.

Macedonia Timeless – Хранаstrip08.02.2011

Рекламниот спот Macedonia Timeless – Храна, се снимаше на повеќе локации низ Македонија, следејќи ја основната приказна во самиот спот дека Македонија е убава земја, која ти треба прилично многу време да ја поминеш, токму заради убавината и специфичноста на нејзината храна.